Македонија

Горат црква и куќи во села близу Рафинеријата за нафта Миладиновци

Се преземаат мерки за справување со огнената стихија

Очевидци јавуваат дека попладнево во пожарот што гори во селата Бујковци и Мршевци горат куќи кои се навреме евакуирани.

Покрај куќи силниот пожар кој е засилен од ветер зафатил и верски објект на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

За среќа нема информации за повредени граѓани а институциите поддржани од локално население преземаат мерки за справување со огнената стихија.

 

 

 

Подрачјето зафатено со пожар е во близина на Рафинеријата за нафта во Миладиновци но огнот е далеку и засега нема опасност да дојде до магацините со нафта и нафтени деривати.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top