Македонија

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек

Градежните активности се одвиваат во полн ек

Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор – станува дело. Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните, објави вечерва на неговата Фејсбук страница, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

– Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни артерии во општина Аеродром. По децении запоставеност, оваа улица добива нов, двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари. Создаваме безбеден, чист и функционален простор – и за возачите, за пешаците, но и за најмладите и највозрасните сограѓани, информираше градоначалникот.

Тој соопшти дека градежни зафати се одвиваат и на улицата „Никола Парапунов“.

– Интензивни градежни зафати се одвиваат и на улицата „Никола Парапунов“, каде поставуваме нови, пошироки и побезбедни тротоари, со подобрена пешачка пристапност и современо урбано уредување. Просторот добива нов лик, а жителите – услови што ги заслужуваат. Ова е новото време за Скопје. Време на работа, резултати и одговорност, додаде градоначалникот во објавата.

Од пролет, како што најави Ѓорѓиевски, со подобрување на временските услови, се започнува со реализација на клучните капитални проекти, што, нагласи тој, ќе донесат уште посилна инфраструктурна трансформација за подобра иднина, за поголемо достоинство и за квалитетен живот на сите скопјани.

– Продолжуваме решително и посветено за Скопје, додаде скопскиот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Најнови вести

To top