Македонија

Ѓорѓиевски: Не може „Комунална хигиена“ да има 1,5 милиони евра загуба, а „„Водовод“…

Во тек е акција во која се откриваат низа недоследности кај правни субјекти како загуба од 1,5 милиони евра во Комунална хигиена поради невпишани површини за наплата на ѓубретарина и големи загуби во Водовод и Канализација поради сериозни злоупотреби со вода и со водомери

Град Скопје нема да дозволи да се продолжат практиките од минатото со кои биле системски уништувани јавни претпријатија, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој откри дека во тек е акција во која се откриваат низа недоследности кај правни субјекти како загуба од 1,5 милиони евра во Комунална хигиена поради невпишани површини за наплата на ѓубретарина и големи загуби во Водовод и Канализација поради, како што вели, сериозни злоупотреби со вода и со водомери.

„Тоа претпоставувате од какви причини е направено. Нема да може така. Сега ќе има електронска база на точни податоци која ја вкрстуваме со Катастар. Секој обид да се направи таква работа во перспектива ќе биде строго санкциониран – изјави Ѓорѓиевски пред новинарите давајќи детали.

Зборувајќи за минати состојби во Комунална Хигиена градоначалникот изјави:

– Пример, сега над 130.000 квадратни метри се впишани површини, површини кои, за мене и колегите од непознати причини, во минатото не биле опфатени во пресметките за наплата на ѓубретарина. Тоа се над 1,5 милиони евра загубен приход месечно на претпријaтието.

Ѓорѓеивски вели дека се работи за објекти од индустриска зона.

„И тоа како се спроведувало? Имало индустриска зона. Процена си направил некој во минатото дека на 5 објекти треба да им се пресмета целата површина за наплата, aма на некои требало помалку од што треба да им се пресмета“.

Потоа градоначалнкот се осврна на злоупотреби на вода и ненаплата на сметки за водовод.

„ Кога сме кај ЈП Водовод и канализација во тек е акција кај многу правни субјекти каде што има сериозна злоупотреба на вода, дупли водомери се поставувани во минатото, каде што не се регулирала состојбата како што треба и тоа се должи исто така на дел од генерираните загуби на претпријатието. Дел се должат на односите поврзани и со закоченоста на пречистителната станица каде што имаме сериозно придвижување напред, но и со на наплатата на сметки.

Ѓорѓиевски апелира дека Градот нема да дозволи состојба во којашто застаруваат долгови.

„ Знаете и самите, тоа е состојба во која свесно го носите во колапс некое претпријатие или целиот град. Некој го дозволувал тоа во минатото“, вели градпначалмникот.

Најнови вести од: Македонија

„Дупла корупција“: Директорот Васе Анакиев, уапсен на дело со 50 илјади евра, за „услугата“ барал двојно повеќе пари, кои ги давала шпедитерска фирма

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година и против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за […]

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

„Н.М“: Дали бугарските шовинистички барања ја будат совеста на Европа?! Во Стразбур се отвори простор за правно делегитимирање на Вториот протокол!

„Ако се утврди дека Вториот протокол кон „Договорот за добрососедство со Бугарија’ не е дел не е дел од формалната преговарачка рамка, или дека излегува надвор од европските стандарди, тогаш ќе се отвори простор за негово правно делегитимирање! – пишува денес весникот „Нова Македонија“, повикувајќи се на правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ.

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Најнови вести

To top