Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот, јавуваат повеќе медиуми.
Вчера во 17:45 чaсот во кругот на Полициска Станица-Крива Паланка, додека униформиран полициски службеник го обезбедувал патничкото моторно возило „Рено Каптур”, кое по наредба на ЈО претходно било одземено в/в чл.297-а став 2 од КЗ, сторено од Милан Митовски, дошло лице кое го отклучил возилото, ја отворил возачката врата на која имало залепено лепенка од крим-техника, со што истата ја скинал и се обидел да влезе во возилото.
Од страна на униформирани полициски службеници му била дадена наредба да се оддалечи и бил спречен да го земе возилото кое се обезбедувало, по што истиот си заминал.
Возилото кое е дел од истрага за кривично дело за кое е предвидена казна затвор е на Милан Митовски, брат на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Градоначалникот на Крива Паланка кој нема никакво овластување да одзема возила или да уништува докази кои ги чува МВР може да биде гонет за неколку кривични дела.
За неговиот брат се знае максималната можна казна
Братот на македонски градоначалник се соочува со затвор до 5 години