Македонија

Градоначалникот на Центар одбрани докторска дисертација во Бугарија

Тој упати благодарност до своите најблиски за поддршката во овој процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на 20 декември 2025 година објави дека успешно ја одбранил докторската дисертација на Универзитетот за библиотекарски студии и информатички технологии (УНИБИТ) во Софија, Бугарија.

Темата на дисертацијата е „Организациони модели на професионална подготовка“.

„Успешно ја одбранив докторската дисертација на Универзитетот за библиотекарски студии и информатички технологии – УНИБИТ, Софија, на тема: „Организациони модели на професионална подготовка“. Ова не е само личен академски успех. Ова е обврска. Обврска знаењето и искуството што ги стекнав да ги вложувам уште поодговорно во јавниот интерес, во унапредување на институциите и во работа во служба на граѓаните“ – објави Герасимовски.

Тој упати благодарност до своите најблиски за поддршката во овој процес.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top