Македонија

Градските инспектори ги засукаа ракавите: Такси-возила, комбиња, камиони и автобуси ќе бидат конфискувани на шест месеци

Дивите таксиња одат во историјата

Инспекторатот на Град Скопје денеска започна широка акција за воспоставување ред во дејноста на јавниот превоз, контролирајќи ги дивите превозници, такси-автомобили, комбиња или автобуси, кои работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, информира градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.

Со акцијата, возилата кои работат нелегално ќе бидат одземани на период од шест месеци, а инспекторатот ќе изрекува казни со платен налог.

„Ова го најавив уште кога ја барав поддршката од скопјани и денес ја испорачуваме таа обврска.

Нашата цел е јасна и недвосмислена – да се заштитат граѓаните, да се воведе фер конкуренција и да се почитуваат законите кои важат за сите.

Ова е конкретна мерка со која праќаме порака дека хаосот и безредието нема да бидат толерирани. Засилените контроли продолжуваат секојдневно, со уште поголем интензитет во деновите што следат.

Целта не е да казнуваме по секоја цена, туку да создадеме здрав систем во кој секој што работи ќе работи легално, одговорно и во интерес на граѓаните“- напиша меѓудругото Ѓорѓиевски во својот статус на Фејсбук на кој сподели и видео-снимка.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top