Македонија

Грчката амбасадорка заминува од Македонија

Филипиду заминува по нецели 4 години од Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду, информира кабинетот на шефицата на македонската држава на својата веб страница.

Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, претседателката истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции.

Според Сиљановска-Давкова, со влезот на земјата и на целиот регион во Унијата, ефективно ќе се затвори постоечкиот геостратешки јаз, а со тоа ќе се постигнат повеќекратни ефекти во Југоисточна Европа, од трговија и инвестициите до енергетската поврзаност.

Од друга страна, како што според објдодаде Сиљановска-Давкова, во рамките на НАТО, двете земји подеднакво се залагаат за одбрана на демократските вредности и одржување на глобалната стабилност.

Во однос на македонско-грчките односи, претседателката и амбасадорката сметаат дека е потребен нов поттик за да се продлабочат и прошират во повеќе области.

За неа, културата е најдобриот лакмус за македонско-грчките односи. Како доказ, ја посочи заедничката изведба на монументалното дело „Кармина Бурана“ од страна на македонската, бугарската и грчката филхармонија, во јуни годинава, како и изведбата на „Митот за Амазонките“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Изразувајќи ѝ благодарност на амбасадорката за личниот придонес во соработката, таа ѝ посака добро здравје и успех во нејзиниот иден професионален ангажман.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top