Македонија

Грција бара од Македонија стриктна употреба на „Северна“

Грчкиот министер за надворешни работи пред својот македонски колега се заложи за доследна примена на Преспанскиот договотр

Шефот на грчката дипломатија Јорго Герапетритис на денешната средба во Атина со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски побарал Македонија да се придржува до Преспанскиот договор и да ја користи географската одредница за севкупна употреба.

Герапетритис ја нагласи „големата важност од целосно, доследно и добронамерно спроведување на Преспанскиот договор, вклучително и употребата на уставното име на земјата секаде (ерга омнес)“.

Во 2020 година, подвлече тој, Грција силно го поддржа пристапувањето на Македонија како полноправна членка на НАТО, додавајќи дека „нашата желба е дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во рамките на Алијансата“.

Герапетритис нагласи дека Грција и Македонија развиле силна соработка во области како што се економијата, трговијата, инвестициите, меѓусебното поврзување на транспортните и енергетските мрежи.

Тој, исто така, рече дека Грција, како избрана непостојана членка на Советот за безбедност на ООН, соработува со сите земји-членки, вклучително и со својот северен сосед, за да ги постигне целите за меѓународен мир и безбедност.

Муцунски, од своја страна, ја опиша дискусијата со Герапетритис како искрена и конструктивна. Тој исто така рече дека соработката со соседот не е само вредна, туку и витална.

Во разговорите со неговиот грчки домаќин фокусот бил ставен на соработката во инвестициите, трговијата, инфраструктурата, енергетиката, како и регионалната и глобалната безбедност. За поддршката за Украина, тој рече дека таа мора да остане непоколеблива.

Македонскиот шеф на дипломатијата, исто така, изрази искрена благодарност, како што рече, за солидарноста на Грција по трагедијата во Кочани и неодамнешните вонредни ситуации во близина на Дојран.

„Ова не беа само гестови на помош, туку акти на вистинско пријателство“, истакна Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top