Македонија

Греењето на дрва „изгор скапо“

За една грејна сезона едно домаќинство троши околу шест метри кубни дрва

Цената на огревното дрво оваа година достигна до 4.800 денари за кубен метар со вклучен превоз, што е зголемување во однос на ланската цена, кога дрвата се продавале од 4.000 до 4.500 денари.

Сопствениците на депоата велат дека побарувачката постојано расте, особено во пресрет на грејната сезона, објави Алсат

Но, се’повеќе граѓани се откажуваат од дрвата и преминуваат на клима и пелети. Бидејќи како што велат греењето е поекономично и со помалку отпад. Сепак, дел од граѓаните за Алсат велат дека се’ уште се греат на дрва.

Повеќе од половина домаќинства во земјава се греат на дрва, покажуваат податоците од последниот попис.

Од приближно 600.000 домаќинства, дури 312.000 користат огревно дрво – од кои речиси 150.000  се во урбани средини.

Дрвото останува најчесто користен извор на топлина – особено во урбаните средини и Скопје, каде што околу 55.000 домаќинства сè уште се греат на дрва.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top