Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа денеска на прес-конференција од Владата истакна дека случајот со загадувањето на водата во Гостивар е „сериозен инцидент кој го загрози здравјето на илјадници граѓани“.

Тој очекува целосно да се утврдат сите факти и околности и да се утврди кривична и морална одговорност, и кажа дека снабдувањето на водата за пиење и одржувањето на системите за водоснабдување се надлежност на општините и јавните претпријатија.

„Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија.

Локалната самоуправа е прва линија на одговорност за безбедно функционирање на овие системи, како и за воспоставување и заштита на санитарните заштитни зони околу изворот на вода“, рече Хоџа.

Одговарајќи на новинарски прашања за проектот за филтер-станицата на изворот Вруток, Хоџа појасни дека проектот започнал во 2011 година, а бил завршен во 2014 година. По комплетирањето, тој со записник за примопредавање му бил предаден на управување на Јавното претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар.

Хоџа ја нагласи и законската поделба на надлежностите меѓу централната и локалната власт.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top