Македонија

Хрватската полиција шокирана: Возел велосипед со речиси смртоносни 4,45 промили алкохол во крвта!

Доцна вечерта во недела на 11 јануари, полицајци во Вировитица запреле 31-годишен маж кој возел велосипед и направил неколку сообраќајни прекршоци. Алкотестот измерил концентрација од дури 4,45 g/kg алкохол во неговото тело, што претставува сериозна опасност и за него и за другите учесници во сообраќајот.

Проверката утврдила дека велосипедистот не носел рефлектирачки елек или други рефлектирачки ознаки додека возел, иако тоа е задолжително во услови на намалена видливост. Покрај тоа, тој немал вклучено предно светло или црвено задно светло на велосипедот.
Полицијата, исто така, утврди дека тој се движел прекршувајќи ги сообраќајните прописи, не држејќи се до десниот раб на патот. Особено загрижувачки е фактот што велосипедистот бил под силно дејство на алкохол.

Поради прекршоците сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полицијата му изрече казна во вкупен износ од 210 евра.
Инаку, стручната литература наведува дека фаталното труење со алкохол е можно со само 3,5 промили алкохол во телото, а фаталната доза за повеќето луѓе се смета за 4,5 промили. Дали и кога ќе се случи фаталното труење со алкохол зависи од неколку фактори: толеранција на алкохол, брзина на консумирање, мешање со лекови и друго.

Најнови вести од: Македонија

Критики и пофалби за законот за заштита од пушење – Може ли неговата примена да го расчисти чадот од цигарите?!

По години колебање, половични решенија и слаба примена на постојната регулатива, државата повторно се обидува радикално да го ограничи пушењето. Новиот предлог-закон за заштита од тутун и од никотин предвидува една од најстрогите рамки досега: не само со забрана за пушење во речиси сите јавни и работни простори туку и со целосно отстранување на тутунот од рекламирањето, медиумите, културните и спортските настани.

Гаши: Како на членка на НАТО не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност!

Во однос на така наречената „Пржинска влада“ претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши оцени дека Македонија, како стабилна држава и членка на НАТО, нема потреба од технички влади за организирање избори, бидејќи изборните процеси во изминатиот период поминуваат без сериозни забелешки.

Муцунски: Бугарија има тенденциозни забелешки за Акцискиот план за малцинствата, иако е одличен, ќе го разгледаме темелно, за да не го спори пак во ЕУ!

Мора да го разгледаме темелно Акцискиот план за малцинствата оти и утре да го објавиме Бугарија пак ќе го оспорува пред ЕУ. Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Уапсен човекот што го скрши стаклото на вратата на бугарската амбасада

На улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска во 12.40 часот бил уапсен човекот што вчера го скрши стаклото на влезната врата на амбасадата на Бугарија во Скопје, соопшти СВР Скопје. Станува збор за Ш.А.(54) од Скопје.

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење не е рестриктивен, европски е, а над 45 отсто од возрасните пушат!

Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето, изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу. Преку податоците кои ги добивме од Светската здравствена организација над 45 проценти од возрасната популација пуши, што ја става нашата земја меѓу земјите со највисока стапка во Европа според начинот на користење на цигари или некаков вид тутунски производи, рече Алиу.

Тежок инцидент: Му побарале возачка, тој со автомобилот удрил полицаец

Вчеравечер на наплатната станица „Миладиновци“ струмичанец откако бил сопрен од полицијата поради легитимирање, но со автомобилот удрил во еден полицаец а потоа избегал. Педесет минути подоцна бил уапсен на наплатната станица „Преод“.

Муцунски за инцидентот пред бугарската амбасада: Го осудуваме, но тоа е изолиран случај!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голем обем, вели Муцунски.

Најнови вести

To top