Македонија

Муцунски: Бугарија има тенденциозни забелешки за Акцискиот план за малцинствата, иако е одличен, ќе го разгледаме темелно, за да не го спори пак во ЕУ!

Мора да го разгледаме темелно Акцискиот план за малцинствата оти и утре да го објавиме Бугарија пак ќе го оспорува пред ЕУ. Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот.

– Меѓу забелешките има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што може да го примениме и она што не може да го примениме бидејќи замислете – утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме. Истата оваа Бугарија ќе оспорува пред Европската Унија дека не напредуваме во однос на акцискиот план за малцинствата. Мора да ги гледаме овие прашања низ една темелна призма бидејќи ваквите документи создаваат обврски и за државата и за нејзините институции – изјави денеска Муцунски.

Во однос на Бугарија вели дека го разочарува начинот на кој Софија одлучува да комуницира на оваа тема.

– Фактот дека голем дел од забелешките што доаѓаат од нив не се забелешки дадени во добра верба и не се забелешки што во основата ја имаат објективната слика за состојбите со малцинските права. Има една тенденциозност во настапот на Бугарија и тоа најдобро го видовте преку соопштението од нивното Министерство за надворешни работи за што ние и соодветно одговоривме. Патем, и пристапот кон македонскиот јазик во рамките на оваа објава беше срамен и некоректен – рече Муцунски.

За самиот акциски план, вели дека е одличен документ за кој може да има објективни забелешки и дека на него работеле домашни и меѓународни експерти, а ангажиран бил и тим од експерти од Советот на Европа. Тоа не е документ за бугарското малцинство, тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со сите малцински права во државата – нагласува Муцунски.

– Имаме изработено одличен документ, кој може да има објективни критики, кои би го подобриле, но напоменувам дека тоа не е документ за бугарското малцинство во државата. Тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со малцинските права во рамките на нашата држава. Сите меѓународни експерти нотираат дека имаме повисоки стнадарди и од голем дел од земјите членки од Европската Унија по ова прашање, но секогаш можеме подобро. Треба да бидеме свесни дека создаваме документ што треба да биде усвоен од Владата и кој ќе треба да го имплементираме. Не е целта сè да се имплементира, ќе ја имплементираме секоја забелешка која е објективна и која државата може да ја примени – рече Муцунски пред средбата со раководството на „Македонија 2025“.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top