Бизнис

Јајцата поевтинија, но што ќе биде со цената на лебот?!

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари. Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денеска и на повеќето продажни места.

Не бадијала се рекло стравот лозјето го чува. Па така, дел од поголемите маркети исплашени од најавите за зголемување на казните и затварање почнаа да ги враќаат цените по старо. Од сега, јајцата во маркетите се продаваат по значително пониски цена. Вредноста е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога цените пораснаа за рекордни 30 отсто.

Дел од маркетите веќе ја намалија цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови. Па така табла од 30 јајца која се продаваше за 370 денари, од денеска се продава за 279 денари, додека мала табла од 135 денари, сега се продава за 99 денари.

  • Цената на јајцата екстремно се зголеми на ноември лани кога порасна од 20 до 30 отсто.

Оптмистички пораки стигнуваат и од пакерите од Штип, кои велат дека цените на лебот и белите печива ќе останат непроменети и покрај зголемените трошоци за одржување на производството и порастот на цените на електричната енергија.

Како што изјави Николче Малинов, сопственик на една од пекарниците во Штип, во моментов нема официјални сигнали дека ќе се зголеми цената на брашното или другите основни репроматеријали кои влијаат на цената на лебните производи. Тој посочи дека зголемената цена на струјата е минимална и дека пекарниците ќе ги пребродат овие трошоци преку други заштеди, со цел да се задржи сегашната цена на производите. Малинов истакна и дека има доволно количини на брашно, што им овозможува на пекарите да продолжат да ги нудат лебот и белите печива по досегашните цени. Според него, од помош им е и законско уредување што им дозволува да вработуваат пензионери, како и враќање на дел од работниците од странство, што ја олеснува работата во пекарниците.

За сега, потрошувачите конечно добиваат мал здив. Дали ова олеснување ќе потрае подолго или ќе биде само кратка пауза по ценовниот ролеркостер, ќе зависи од тоа дали производствените услови и глобалните пазари ќе останат стабилни.

Во моментов, цени на лебот во Штип се околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот, а тие остануваат исти и за белите печива, што е позитивна вест за потрошувачите во услови на зголемени трошоци во прехранбениот сектор. Останува да се следи дали евентуалните идни пораст на трошоците за суровини и енергенси ќе влијаат на цените на основните прехранбени производи, но засега штипските пекарници ги задржуваат цените на сегашното ниво.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top