Македонија

И Мендух Тачи бега од Али Ахмети

Лидерот на Демократската партија на Албанија, денес објави дека разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не успеале.

 

„Во недела верувам дека собранието на партијата ќе донесе точни заклучоци за иднината.

Со жалење морам да констатирам дека разговорите со Али Ахмети не успеаја“, објави лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

За да го потврди ова, тој рече дека и партиските тела ќе донесат одлука во недела, јавија медиуми.

Вчера, Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ), која досега беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, преку официјално соопштение објави дека органите на партијата донеле одлука на претстојните локални избори, закажани за 19 октомври 2025 година, да настапи целосно самостојно.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top