Портпаролката Богданка Кузеска од вечерва е дел од раководните структури на СДСМ, кој избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор.
Покрај неа, ЦО и ИО „се подновија“ и со Соња Стаменкова, Слободан Чокревски, Тања Илијовска и Рубин Земон.
За меѓународен секретар на партијата е именуван поранешниот лидер на ЛДП и бивш заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, а за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски.
Лидерот Венко Филипче ја претстави новата предлог-платформа на СДСМ, од која ќе произлезе новата програма на опозициската партија.