Македонија

И во Македонија отворен предмет за петте тони марихуана запленети во Србија

Еден од уапсените има лиценца за производство на канабис во Македонија

Јавното Обвинителство во Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија.

„Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“, велат од ОЈО.

Македонското јавно обвинителство било навремено и целосно информирано за акцијата во Србија и било во постојана комуникација со надлежните српски институции, а исто така и МВР.

Петте тони марихуана беа запленети на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац, централна Србија. Меѓу опфатените во истрагата е и лице со иницијали И.Д., кое, како што беше посочено во медиумските извештаи, е косопственик на компанијата „Алфафарм“ во скопскиот регион, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис.

Најнови вести од: Македонија

Петре Шилегов најави бунт во СДСМ: Поголема група социјалдемократи ќе бара оставка од раководството на СДСМ

Поранешниот функционер на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во емисијата „Тема на денот“ на Сител остро го критикуваше актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека СДСМ „кадровски се испразнил“ и дека е во длабока криза.

Трамп се спрема за поморска војна – Франција, Јапонија и другите одбиваат да му се придружат

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повика на формирање на меѓународна поморска коалиција за обезбедување на слободен проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот пролаз низ кој поминува околу една петтина од светската нафта и значителен дел од течниот природен гас.

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани: Ноќеска на официјалната страница на претседателката објавени имињата на настраданите

До крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата: пред болниците беа родителите и блиските, а внатре започна лекарската битка за животите на нивните деца!

To top