Македонија

Ибрахими: Али имал над сто илјади досиеја и ќе ги објавел? Нека почне со своето и на најблиските соработници

Бившиот пратеник и експотпретседател на ДПА му фрли ракавица на лидерот на ДУИ

Поранешниот пратеник и експотпретседател на ДПА, Орхан Ибрахими, реагира на заканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ќе објавел илјадници досиеја.

„Али имал над сто илјади досиеја и наводно ќе ги објави?

Никогаш. Никогаш. Ни на сон.
Ги има овие досиеја во рака најмалку 25 години, вклучително и неговите.
Ама овој, за почеток, зошто не си го објавува сопственото досие, нормално така, целосно немонтирано, нефилтрирано и несечено?
Како што се објавувале, дури и како книги, од високо прогонувани и поранешни политички затвореници, на пример, Мухарем Шаљани, Наим Ибрахими и многу други.
А како може човекот кој избрал за соработници да ги објавува оригиналните досиеја околу себе, во својата политичка организација, кога 90 проценти од нив се следбеници, изработувачи на досиеја, комунисти, лакеи и поранешни удбаши, луѓе кои за време на полицискиот третман станале соработници?
Оваа каста, соработниците на Али, ги видовме како потпретседатели и високи функционери на партијата, директори, министри и заменици-министри, градоначалници на општините, заменици и високи дипломатски претставници, како и во сите други категории, на пониски нивоа, како корисници на привилегии од државата.
Па, ако се случи чудо и „зајакот прави чуда, па се облекува како човек“, нека почне да го објавува сопственото досие и досиејата на најблиските соработници кои ги држи во рака веќе 25 години!“, му порача Ибрахими од Движењето „Арберија“ на Ахмети.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top