Македонија

Идната недела Лидерска средба ЕУ-Западен Балкан во Скопје

Во понеделник е планирана тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос   Скопје  ќе биде домаќин на лидерската средба Европска унија – Западен Балкан, посветена на спроведувањето на Планот за раст за регионот. На средбата ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Од Владата информираат дека во понеделник е планирана тет-а-тет […]

Во понеделник е планирана тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос

 

Скопје  ќе биде домаќин на лидерската средба Европска унија – Западен Балкан, посветена на спроведувањето на Планот за раст за регионот. На средбата ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Од Владата информираат дека во понеделник е планирана тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по која ќе следи билатерална средба со проширени делегации од двете страни.

Главниот дел од агендата е закажан за вторник, кога ќе се одржат два панела. Првиот ќе биде фокусиран на Планот за раст за Западен Балкан, а обраќања ќе имаат премиерот Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос. По панелот е предвидена заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде насочен кон конкретните механизми за поддршка и спроведување на Планот за раст, каде што ќе учествуваат министри од регионот, претставници на Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Како што потврди Европската комисија, на средбата во Скопје, покрај премиерот Мицкоски, ќе учествуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top