Македонија

ИЈЗ: Нема загадување со тешки метали на почвата во Трубарево

Денес, на 16 септември 2025 година, ИЈЗ ги заврши анализите на примероците за присуство на тешки метали во почвата и испитувањата за радиоактивност во водата.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) спроведе вонредно испитување во засегнатото подрачје, при што во неделата, на 14 септември 2025 година, професионален експертски тим зеде примероци од вода, почва и воздух за анализа на радиоактивност, како и мостри за испитување на присуство на тешки метали во почвата и водата.

Вчера, на 15 септември 2025 година, ИЈЗ објави дека врз основа на извршените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот и почвата, ниту пак присуство на тешки метали во водата.

Денес, на 16 септември 2025 година, ИЈЗ ги заврши анализите на примероците за присуство на тешки метали во почвата и испитувањата за радиоактивност во водата. Според добиените резултати, ИЈЗ известува за следново:

Земени се мостри од повеќе локации во засегнатото подрачје за анализа на тешки метали во почвата, вклучувајќи ги: олово (Pb), кадмиум (Cd), арсен (As), никел (Ni), жива (Hg), хром (Cr), бакар (Cu), цинк (Zn), калај (Sn), бариум (Ba), берилиум (Be), кобалт (Co), ванадиум (V), талиум (Tl), молибден (Mo) и антимон (Sb).

По деталната анализа на сите примероци, утврдено е дека нема отстапувања од референтните вредности за ниту еден од 16-те испитувани тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg, Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Забележано е благо зголемување на нивоата на бакар (Cu) и цинк (Zn) само на една локација, во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, што е во рамките на очекуваните резултати. На сите други локации, вредностите на испитуваните тешки метали се во согласност со референтните стандарди.

Дополнително, анализите на примероците од вода за радиоактивност, завршени денес, покажаа дека нема присуство на радиоактивност во водата.

ИЈЗ успеа во најкраток можен рок да ги спроведе сите потребни анализи. Овие испитувања ќе бидат повторени во согласност со утврдените протоколи во предвидениот период. Институтот продолжува да соработува со Министерството за здравство и другите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите идни активности и резултати.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top