Македонија

Илиевски: Кој сакаше македонско име да загине?

Не сме ништо подобри од тие на кои им замеруваме за глупите скандирања, ако го повторуваме истиот манир, вели ТВ-водителот

Телевизискиот водител Богдан Илиевски со свој придонес за топ-темата со скандалозните скандирања на спортски натпревари во Македонија минативе неколку дена.

КОЈ САКАШЕ МАКЕДОНСКО ИМЕ ДА ЗАГИНЕ?

Во врска со стихот:
‘Нека разберат клетите тирани/фашисти
македонско име нема да загине!’,
бидејќи во првата верзија се пее ‘денешните тирани’, а во втората ‘клетите фашисти’,
инаку стих кој денес од некои навивачи се пее со навредата ‘клетите ш*****ри’,
морам да потсетам дека македонското име не загина поради ниедни од горенаведените.
Воедно мора да се има предвид дека кога се буниме за глупите скандирања со големи албании и илириди, или за навредливото ‘македонско девојче курва шарена’, ако го повторуваме истиот манир – не сме ништо подобри од оние на кои им замеруваме.
Воопшто не очекувам самостојно вразумување на вжештените глави на некои деца по трибини, ама очекувам ПОДЕДНАКВО да реагира системот. И да нема жалопојќи кога ќе ‘падне’ некој за ‘клетите ш….’, ниту пак дека е угнетување на Албанците кога ќе ‘падне’ некој за ‘македонско девојче курва шарена’.
Сè друго е глумење циркус и – служење на интересите на политичката мафија“, коментира Илиевски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Комисијата по жалби го поништи тендерот МВР за униформи

Компанијата чија понуда била избрана за најдобра за делот за виндјакна и за теренска униформа за редовната полиција, не ги исполнувала самостојно условите за минимален број на вработени и други критериуми туку приложила т.н. техничка поддршка од фирма од Србија

To top