Македонија

Илјада компании вклучени во двојното образование Македонија веќе брои 65 стручни училишта и 875 двојни паралелки

Зголемен е бројот на ученици кои се запишуваат во стручните школи – за шест години е евидентиран раст од 12,2 отсто. Но, користа од двојното образование се повеќе го препознава и бизнис заедницата – околу 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година, Македонија има 65 стручни училишта и 875 двојни паралелки.

– Од 2007 година Комората има став како треба да се обезбеди стручен кадар: дека е неопходно воведување практична настава во средните школи, но и практична обука во компаниите. Во 2014 година почна и со конкретни активности, преку создавање на првите образовни програми, во кои беше вклучена практичната обука како дел од задолжителното образование, истакна Наташа Јаневска, проектен менаџер за образование во Стопанската комора.

Јаневска, која се осврна на воведувањето на двојното образование, укажа дека најголемите предизвици во почетокот биле неприспособливиот образовен систем, затвореноста на компаниите и инспекциските служби.

– Наидовме на нефлексибилен образовен систем што не предвидува промени. Требаше да се преговара, но не само со образовните институции, туку и со компаниите – дека треба да бидат отворени и дека сами треба да почнат да го креираат стручниот кадар. Најтешко беше да им објасниме на инспекциските тела дека не станува збор за злоупотреба на детски труд како што велеа кога ќе ги затекнеа учениците на пракса во компаниите, туку дека тоа е само дел од образовниот процес, дека теоријата се учи во училиште, а праксата на реално место – во компанија, нагласи Јаневска.

Приказната почнала во 2017 година, со само една компанија, една паралелка и 20 ученици од средното училiште „Михајло Пупин“.

– За шест години е евиентиран раст од 12,2 отсто на уписот на ученици во стручно образование. Запишани ученици во стручно образование во учебната 2019/2020 година е 64 проценти, а во учебната 2025/2026 година 71,8 процент. Во учебната 2019/2020 година во дуалното образование биле вклучени 11 компании, во 2021/2022 година 211 компании, во 2022/2023 година 500 компании, во 2023/2024 година 560 компании, во 2024/2025 година 600 компании, а во 2025/2026 година околу 1.000 компании. Бројот на стручни училишта во учебната 2019/2020 година бил четири, со по една дуална паралелка, а во 2025/2026 година е 65 стручни училишта и 875 дуални паралелки, истакна Јаневска.

Таа подвлече и дека Комората работела на oсигурување квалитет преку обуки за сертификација на околу 1.500 ментори во компании, верификација на 200 компании за практична обука на ученици, регистар за вмрежување на стручни училишта и компании „ПОРТАЛ ПРАКСА“ и дигитален саем за уписи во средно стручно образование. Паралелно, напомена, обезбеди и 7.626.769 евра грантови за опремување на 12 стручни училишта и пет факултети во конзорциум со 86 компании/организации преку Германската развојна банка.

Јаневска го посочи и новиот Закон за стручно образование и обука од 2025 година.

Претходно, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во обраќање на настанот, најави дуален концепт и во високото образование. Како што рече, со новиот закон е предвидено првпат да се воведат втор и трет циклус стручни студии. Според Јаневска, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бараат некои од нив и бизнис заедницата, туку и затоа што дуалното образование, како модел, дало одличен резултат во средните стручни училишта. (МИА)


Најнови вести од: Македонија

Дали се местеле натпревари на домашни клубови во Македонија, што ќе покаже истрагата? ФФМ се огласи за дописите од УЕФА!

-Напомнуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки, велат од ФФМ. Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се […]

Поранешната економска директорка на Токсикологија Бесија Илјази ќе враќа околу 10.000 евра за хонорари што незаконски ги давала

Илјази во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи.

(Видео): Скопскиот аеродром доби награда за квалитет на аеродромските услуги од Меѓународниот совет на аеродроми

Меѓународниот Aеродром Скопје припаѓа во ASQ панел од 20 аеродроми, во категоријата аеродроми во Европа со големина од 2 до 5 милиони патници годишно. Покрај Меѓународниот Aеродром Скопје, другите аеродроми во овој панел се аеродроми во Италија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Естонија како и уште два аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, аеродромот во Загреб и Тбилиси во Грузија.

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е невиден преседан, недозволив за сериозна држава, Советот на обвинители и Судскиот совет да го разгледаат тоа!

Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Петрушевски: ВМРО ДПМНЕ го оправдува револтот на граѓаните за куќниот притвор за криминалецот Груби! Дали тој ќе ги повлече со себе и ортаците Заев Филипче, Спасовски и други?!

„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и го оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби! Ги поздравувавме и владините институции, кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари од над 8 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие синот (21) и ќерката (16)!

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Прилепчанец имал завршено четврто одделение, фалсификувал диплома за осмо, за да може да полага за возачка дозвола!

Не се решил да фалсификува како и некои други диплома за магистер, или за доктор на науки, па да си најде некаде доброплатена работа, туку „скромниот“ прилепчанец си „исштанцал“ диплома „само“ дека „станал осмоодделенец“!

Алиу: Одземени лиценците на 6 компании, кои одгледуваат марихуана за медицински цели, меѓу нив и на Алфафам, вмешана во шверцот во Србија!

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер, посочи Алиу.

Најнови вести

To top