Македонија

Има пари за пензии, велат Фондот на ПИОМ – никој да не подлегнува на политички шпекулации

Во изминатата година пензиите беа покачени за 6.000 илјади денари линеарно за секој пензионер и со тоа просечната пензија од 21.000 денари во септември 2024 се покачи на 27.000 денари во септември 2025 година, додава Фондот.

Исплатата на пензијата за ноември почна од вчера во банкитеи ќе заврши во понеделник на 1 декември 2026 година, реагира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, кој  рече дека е неизвесно дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период и дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување информира дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира.

Не треба да има никаков сомнеж или страв дека ќе нема пензии. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година, се вели во соопштението.

  • „Шпекулациите кои се пласираат од страна на СДСМ дека е загрозена исплатата на сегашните и на идните пензии се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и на граѓаните. Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање, кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии (2 и пол милијарди евра), за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб“, соопшти Фондот.

Во изминатата година пензиите беа покачени за 6.000 илјади денари линеарно за секој пензионер и со тоа просечната пензија од 21.000 денари во септември 2024 се покачи на 27.000 денари во септември 2025 година, додава Фондот.

  • „Покачувањето и линеарното усогласување на пензиите во изминатата година се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата. Овие мерки на Владата се особено насочени кон подобрувањето на финансиската состојба кај пензионерите со најнизок износ на пензии. Фондот на ПИОМ укажува дека пензионерите, но и граѓаните не треба да подлегнуваат на политички шпекулации и информации кои се пласираат од политичките партии во опозицијата, а се со цел да ги вознемират и да ја нарушат довербата во Фондот како институција која со децении својата должност ја извршува навремено и професионално“, се вели во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

„Дупла корупција“: Директорот Васе Анакиев, уапсен на дело со 50 илјади евра, за „услугата“ барал двојно повеќе пари, кои ги давала шпедитерска фирма

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година и против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за […]

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

„Н.М“: Дали бугарските шовинистички барања ја будат совеста на Европа?! Во Стразбур се отвори простор за правно делегитимирање на Вториот протокол!

„Ако се утврди дека Вториот протокол кон „Договорот за добрососедство со Бугарија’ не е дел не е дел од формалната преговарачка рамка, или дека излегува надвор од европските стандарди, тогаш ќе се отвори простор за негово правно делегитимирање! – пишува денес весникот „Нова Македонија“, повикувајќи се на правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ.

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Најнови вести

To top