Македонија

Имаше спас за црквата Свети Спас во селото Мршевци (ФОТО)

Ќе можат да продолжат венчавките, крштевките и молитвите

Верниците ќе можат и во иднина да палат свеќи, да организираат венчавки и крштевки во црквата Свети Спас во селото Мршевци која вчера за малку ќе изгореле од темел.

 

Денеска се гледа дека штетата не е ненадоместлива и со одредени зафати црквата наскоро ќе може да биде целосно функционална.

 

Пожарот кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци.

Интервенцијата на терен во која беше вклучено локално население ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.

 

За среќа како што вели народот ,,Имаше спас за Свети Спас”.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top