Македонија

ИНА: Од јануари-јуни 2025 Ахмети од ДУИ и Тачи од ДПА најпасивни во Собранието, немале никакви дискусии и не изнеле ниеден предлог!

„Податоците од платформата Pratenici.mk укажуваат на пратеници со многу ниско учество во парламентарните активности во првата половина од 2025 година. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи во тој период никогаш не се појавиле на дискусија во Собранието, не предложиле закон, или амандман, и не биле членови на ниту една парламентарна комисија. Ахмети учествувал само на три седници, додека Тачи на четири седници.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“.

Натаму агенцијата наведува: Податоците од Pratenici.mk покажуваат и на големи разлики во активноста на пратениците во Собранието во текот на првата половина од 2025 година. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, бил најактивен во парламентарните дискусии, со вкупно 21 дискусија. По него следува Сали Мурати од Движењето на Турците со 18 дискусии, додека Јованка Тренчевска од СДСМ, Амар Мециновиќ и Реџеп Исмаил имаат по 12 дискусии.

Меѓу најактивните пратеници се и Халил Снопче со 11 дискусии, Албана Пашоли и Талат Џафери со по 10, Оливер Спасовски со 9, како и Елми Азири и Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ со по 8 дискусии.

Платформата покажува дека 45 од 120 пратеници воопшто не се појавиле да дискутираат, за кое било прашање во периодот јануари-јуни 2025 година. Исто така, 78 пратеници од 120 не поднеле никакви прашања, додека 36 пратеници не учествувале во предлагањето амандмани. Во меѓувреме, 13 пратеници не потпишале ниту еден закон.

Податоците претставуваат панорама на парламентарната активност и покажуваат дека учеството и ангажманот на пратениците значително варира, од пратеници со десетици дискусии до оние кои не учествувале во никакви дискусии во анализираниот период, објави ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top