Македонија

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Известувањето на клучните медиуми, како што се The Hindu, NDTV и India Today, се фокусира на неколку клучни столбови: 

„3Т“ Дипломатија (Трговија, Технологија и Туризам)

Медиумите во Њу Делхи пренесуваат изјави од индиското Министерство за надворешни работи (MEA), посочувајќи дека главниот фокус е ставен на формулата „3Т“ Дипломатија (Трговија, Технологија и Туризам) („3Ts“ — Trade, Technology, and Tourism).

Се известува за силниот интерес за продлабочување на економските врски во приоритетните сектори: земјоделство, фармацевтска индустрија, ИТ сектор и наука. Посебно се потенцира учеството на претседателката Мурму на македонско-индискиот бизнис форум со цел позиционирање на Македонија како „порта“ за индиските бизниси кон поширокиот регион на Источна Европа

Политички средби и стратешко партнерство

Телевизиските куќи како DD India широко ги емитуваа кадрите од пречекот на претседателката Мурму во Вила Водно од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести.

Медиумите ја пренесуваат најавата за дуплирање на стипендиите и слотовите за обука во рамки на индиската програма за техничка и економска соработка (ITEC) за македонски кадри, вклучително и специјализирани курсеви за Вештачка интелигенција (AI). Потенцирана е поддршката за зачленување на Македонија во меѓународните иницијативи предводени од Индија, како што е Меѓународниот соларен сојуз (ISA).

 Културни и историски врски

Како посебен емотивен и симболичен елемент во извештаите се издвојува заедничкото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје, подарок од индискиот народ.

Голем број на статии од The Hindu Business Line и ETV Bharat потсетуваат на ликот и делото на Мајка Тереза, која е родена во Скопје, а го помина својот живот служејќи во Калкута, Индија, како најсилна хумана врска меѓу двете нации.

Индиските медиуми јавуваат и за оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Генералниот заклучок во индискиот медиумски простор, поддржан од државната прес-служба PIB India, е дека оваа посета отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот и градењето соработка со средни и помали европски држави надвор од традиционалните големи партнерства.  Може да се извлече сопствен заклучок, врз основа на многубројните извештаи од индиските медиуми, но и уште повеќе врз основа на официјалните индиски ставови: Република Македонија не е нималку случајно со посебно место и улога на тој индиски список на држави од Балканот и Европа!

 

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top