Македонија

Институтот на сметководители и овластени сметководители и Македонската берза потпишаа Меморандум за соработка

Повисок квалитет на финансиското известување и поголема доверба на инвеститорите

Унапредување на соработката во работењето од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓу двете институции во имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка меѓу Македонската Берза за хартии од вредност и Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишаа главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев и претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.


Меморандумот предвидува континуирана размена на податоци и информации меѓу двете институции, продлабочена билатернасоработка, организирање заеднички обуки за подобрување и усовршување на институционалните капацитети, размена на знаења и искуства, анализа на податоци и други видови анализи, размена на знаења и искуства во имплементацијата на Меѓународните сметководствени стандарди, како и реализација на едукативни, промотивни настани и специјализирани обуки, работилници и конференции на теми од заеднички интерес.

„Македонската Берза за хартии од вредност постојано се залага за унапредување на транспарентноста, отчетноста и примената на меѓународните стандарди во функционирањето на пазарот на капитал. Потпишувањето на овој Меморандум создава рамка за подлабока институционална соработка со ИСОС за размена на податоци и експертиза. Веруваме дека преку заеднички активности ќе придонесеме за повисок квалитет на финансиското известување и поголема доверба на инвеститорите и компаниите во пазарот на капитал“, изјави главниот извршен директор на Македонската Берза, Иван Штериев.

Поздравувајќи го потпишувањето на Меморандумот, претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, истакна: „ИСОС континуирано работи на зајакнување на професионалните капацитети на сметководителите, како и на усогласена примена на меѓународните стандарди. Со овој Меморандум воспоставуваме системска основа за размена на знаења и практики со Берзата, што ќе придонесе кон подобар квалитет на финансиското известување и зголемена отчетност. Убедена сум дека ваквите заеднички иницијативи ќе донесат долгорочни придобивки за професијата, како и поголема конкурентност на националната економија“.

Во рамките на овој Меморандум, Македонската Берза и ИСОС ќе реализираат и соработка при организацијата на еден дел од 24-та Годишна конференција на Берзата, којашто ќе се одржи од 25 до 27 септември во Охрид. Двете институции ќе соработуваат околу подготовката, реализацијата и логистичката поддршка на панелот со наслов „Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и ревизија“, кој ќе се одржи на вториот конференциски ден. Модератор на овој панел ќе биде претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top