Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Според Андоновска, отпадот бил многу лесно испарлив и запалив, поради што и претставувал голема потенцијална опасност. -Немавме упатство за управување со отпадот, но веднаш ги алармиравме институциите. За среќа избегнавме хаварија и го отстранивме. Очекувам одговорност, истакна Андоновска.
Според технологот Трајче Србиновски кој бил дел од тимот ангажиран за отстранување на отпадот, во државата има многу вакви жаришта и опасноста од нив е многу голема. -Неколку јавни институции не повикаа да направиме увид, да се детектираат критичните точки. Чистењето зависи од обемот на хемикалиите, од начинот како се складирани, а цената е можеби висока зашто активна депонија немаме, објасни Србиновски.
Засега се уште не се знае каде ќе биде извезен и согорен отпадот од ИЈЗ
Македонска информативна агенција – МИА