Македонија

Инцидент на игралиште во Аеродром: Децата снимени како кршат опрема (ВИДЕО)

Група деца биле затекнати на игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот.

Група деца биле затекнати на игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот.

Снимката ја направил јутуберот Никола Поповиќ, кој тврди дека реагирал откако слушнал силни удари и лупање во близина на игралиштето. На видеото се гледа како тој разговара со неколку деца и ги прашува дали го оштетувале инвентарот.

„Сега ќе дојдат од полиција“, им вели Поповиќ на децата, додека едно од нив одговара: „Јас не кршев“.

Според снимката, тој побарал и контакт од родител на едно од децата. Подоцна на социјалните мрежи објавил дека на местото пристигнала полиција.

Од видеото не може независно да се потврди дали навистина било извршено оштетување на инвентарот, ниту кој евентуално го сторил тоа.

Според изгледот на лицата на снимката, станува збор за малолетници.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top