Македонија

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова. На Зоран Јованов му се судеше за загрозување на безбедноста на сообраќајот, зато што, според Обвинителството, тој во период од ноември 2022 до јануари 2025 година свесно му дозволувал на својот син (Васил Јованов) да управува автомобил иако знаел дека нема возачка дозвола, претходно имал повеќе сообраќајни прекршоци и постоел ризик за загрозување на други учесници во сообраќајот. Сообраќајната несреќа која ја предизвика Васил Јованов, а во која загина Фросина Кулакова, се случи на 29 јануари 2025 година на булеварот „Партизански одреди“ во центарот на Скопје.

Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност на Зоран Јованов не може да се заснова само врз фактот што тој е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола, по што предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина Фросина Кулакова.

„Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Оттаму додаваат дека во конкретниот случај, непосреден извор на опасност и непосреден причинител на настанатата последица )сообраќајната несреќа и смртта на Кулакова) е полнолетниот возач како самостоен учесник во сообраќајот.

„Кривичното право почива врз начелото на лична и индивидуална одговорност, поради што последиците од самостојното постапување на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или поради сопственост на возилото“, велат од Кривичниот суд.

Сообраќајната несреќа која ја предизвика Васил Јованов, а во која загина Фросина Кулакова, се случи на 29 јануари 2025 година на булеварот „Партизански одреди“ во центарот на Скопје. Поради тоа, Васил Јованов е правосилно осуден на 13 години затвор, казна која ја издржува во затворот во Идризово, скопско.

Одлуката ја донесе истата судијка Снежана Марковска која го осуди Васил Јованов на 12 години затвор. Против оваа одлука може да се жалат пред Апелација.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

ВМРО-ДПМНЕ води три спрема еден пред СДСМ и ДУИ!

Три спрема еден е предноста на објективниот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и ДУИ во очите на партиски неопределените граѓани. Тоа го покажуваат сумираните податоци од три анкети, што ги изнесе претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска.

Мицкоски: Цел ни е струја за 5 до 10 отсто поефтина за граѓаните, а на крајот на 2026 Македонија да стане и нето-извозник на струја!

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го усогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ со што би се обезбедила просечна цена на струјата за 5 до 10% поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат да влијаат врз цената на електричната енергија. „Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10% поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме“, рече Мицкоски.

To top