Македонија

Истрага за дело „тероризам“ по дојавата за бомба на скопскиот аеродром

На 16-ти август, во раните утрински часови, осомничениот намерно упатил сериозна закана преку телефонската линија за итни случаи 192 за поставена бомба во авион на Меѓународниот аеродром, на летот од Скопско до Анталија.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Обвинителството на Република Македонија издаде наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „тероризам“, се вели во соопштението.

„На 16-ти овој месец, во раните утрински часови, осомничениот намерно упатил сериозна закана преку телефонската линија за итни случаи 192 за поставена бомба во авион на Меѓународниот аеродром Скопје, на летот Скопје-Анталија.

Веднаш по приемот на заканата, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам ги активирал протоколите за антитерористичка инспекција и по неколкучасовна инспекција, утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Осомничениот, со своите постапки, создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно, со активирање на протоколите за антитерористичка инспекција, го нарушил општиот воздушен сообраќај.

Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје за определување мерка притвор против осомничениот, образложувајќи ги околностите што го оправдуваат предлогот и посочувајќи дека во случајот „Конкретната цел на притворот не може да се постигне со никаква друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот“, се наведува во соопштението.

Драма на скопскиот аеродром

Најнови вести од: Македонија

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

Матоши се заканува: Ако не го зачува Уставниот суд духот на Охридскиот договор, ќе ги поттикне Албанците на граѓанска непослушност и организирање, заради одбрана!

„Уставниот суд на С. Македонија треба да го зачува духот на Охридскиот договор и меѓуетничката кохезија на државата, а не да ги следи фрустрациите на македонските националистички партии. Таквиот пристап би можел да ги поттикне Албанците во С.Македонија да се организираат до ниво на граѓанска непослушност како форма на одбранбена реакција!“ – наведува поранешниот пратеник и генерален секретар на ДПА Ружди Матоши во својата колумна со наслов „Што прават албанските судии во Уставниот суд?“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија ќе имаат до април 2027 прво туристичко вештачко езеро! Проектот е веќе реализиран 70 отсто!

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување. ва го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности.

ВМРО ДПМНЕ: Дали за туѓи интереси и директиви работат Филипче и СДС, на кои односите со јавноста им ги води контроверзниот Башановиќ, екссоветникот на Заев?!

„Тимот за односи со јавноста на СДС им ги води Зоран Башановиќ, поранешниот советник на Зоран Заев. Башановиќ е контроверзна личност со контроверзно минато и матни бизниси од областа на енергетиката. Тој е естраден турбофолк-менаџер и сопственик на телевизија во Србија, апсен е за крадење облека во САД. Бил избркан од српската Напредна партија, затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Спречен увоз на 50 тони отровна храна за македонскиот пазар

Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. По извршената проверка во информативниот систем на АХВ и увид во увозната документација, било утврдено дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата, со што не се исполнети основните безбедносни стандарди за увоз.

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Најнови вести

To top