Македонија

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

„Во исто време, апелираме до сите наши граѓани да се воздржат од патување во земјата од овој регион додека не се стабилизира безбедносната состојба“, соопшти МНР.

Според информациите добиени од Амбасадата во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални летови, влезни и излезни, се суспендирани, без конкретна најава за повторно започнување на редовниот воздушен сообраќај, објави МНР.

Министерство ги потсетува нашите граѓани дека доколку им е потребна помош, можат да контактираат со следните контакти:

Амбасада на Македонија во Тел Авив:
Телефон: +972 54 500 8566
Телефон: +972 54 967 0546
Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Телефон: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи ситуацијата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на настаните, наведува МНР.

И македонската амбасада издаде предупредување до македонските граѓани кои се во Израел.

„Македонските граѓани кои моментално се наоѓаат во Израел строго да ги следат упатствата издадени од израелската Команда на домашниот фронт. На граѓаните им се препорачува: да останат во или во близина на заштитено подрачје (засолниште, безбедна соба или друга одобрена заштитена зона); да се осигурат дека ја познаваат најблиската заштитена зона; да ги чуваат основните залихи лесно достапни, вклучувајќи вода, храна, лекови, комплет за прва помош, фенерчиња, полнети мобилни телефони, да ги следат официјалните ажурирања и извештаите во реално време преку веб-страницата на Командата на домашниот фронт (https://www.oref.org.il/eng), мобилната апликација и локалните медиуми. Веднаш треба да влезете во заштитените зони по приемот на известувањето и да останете во темница сè додека официјалните упатства не покажат дека е безбедно да се напушти. За граѓаните кои планираат да патуваат до/напуштат Израел, нивните летови веднаш се откажуваат до понатамошно известување. Препорачуваме внимателно да ги следите ажурирањата од авиокомпанијата и надлежните органи“ се наведува во апелот од македонската амбасада во Тел Авив.

За каква било помош или итни прашања, контактирајте ги броевите на Амбасадата: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, се додава.

Амбасадата продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и ќе обезбеди дополнителни информации доколку е потребно, се наведува во соопштението.

 

Војната започна: Израел и САД го нападнаа Иран

Вонредно обраќање на Доналд Трамп по нападот врз Иран (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

To top