Македонија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови министри за местата на АА

Извршниот комитет вечерва го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, соопшти партијата, по седницата на ИК на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. „Овој чекор […]

Извршниот комитет вечерва го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, соопшти партијата, по седницата на ИК на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата.

„Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДСМ, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист“, соопшти владејачката партија.

ДУИ, се додава во соопштението, со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце.

„Така ги добивме СДСМ и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача. Жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Но, да биде јасно: државата не оди во провалија, се додава.

„Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДСМ, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд, оној на правдата, допрва доаѓа“, се вели во соопштението на најголемата македонска партија.

Најнови вести од: Македонија

Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, рече Муцунски од Брисел

Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Македонија.

Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ, или си тезгаџија!

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС Петре Шилегов јавно преку фејсбук побара оставка од „лидерот“ на СДС Венко Филипче. Ако се има предвид жестината, со која Шилегов го нападна Филипче, означувајќи го со зборот претседател ставен во наводници, се наметнува дилемата: дали можеби Шилегов е дел од иницијатива за обединување на СДС, што веќе кружи и која која подготвува политички концепт и кадровска понуда, во која би влегле поранешни социјалдемократи, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров?

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

To top