Македонија

Јакимовски по пресудениот затвор: Против мене се води хајка

„Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако денеска беше осуден на 3 ипол години затвор поради тоа што градел без дозвола. Јакимовски е убеден дека против него се води хајка. – Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, […]

„Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако денеска беше осуден на 3 ипол години затвор поради тоа што градел без дозвола.

Јакимовски е убеден дека против него се води хајка.

– Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами – рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.

Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.

– Сто отсто аргументите се на моја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3 ипол години – рече Јакимовски

Пресудата не е правосилна и Јакимовски рече дека ќе се жали на ваква казна од политички причини а дека тој нема никаква вина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top