Македонија

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се хранат учениците во Македонија.

– Утврдивме неправилности, па поради тоа ќе произлезат препораки кои училиштата ќе ги добијат за децата здраво да се хранат. Јас разбирам дека дечињата повеќе можеби сакаат чипсови, смоки, бисквити, но еве им препорачувам и од овде на сите присутни дека една круша, едно јаболко, една банана се подеднакво здрава исхрана, но за тоа ќе треба да водат сметка и училиштата и општината за да им овозможат такво нешто – рече Јаневска.

Прашана и дека училиштето „Димитар Влахов во Штип, каде се пушти во употреба реконструираната спортска сала, е и прво училиште во Општината кое заедно со родителите донесеа одлука за забрана на мобилни телефони, министерката Јаневска вели дека многу училишта во Македонија веќе ја забрануваат употребата на телефоните- всушност не употребуваат телефони.

– И во многу училишта пред час телефоните се ставаат на страна и тоа сметам дека е во ред, затоа што вниманието на децата треба да биде посветено на учењето, на наставникот, на книгата пред нив. Постои исклучок – ние многу опрема набавивме, и паметни табли, и таблети, и компјутери, и лаптопи, и поставуваме мрежа за безжичен интернет со забрана за недозволени сајтови, но може да има исклучок, каде што во одредени средини децата ќе треба да ги употребат телефоните за да сработат некоја наставна тема. Но, тоа треба да биде строго контролирано од наставникот и после тоа тие да ги вратат таму каде што нема да им бидат достапни – рече Јаневска по пуштањето на употребата на спортската сала во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Директорот на ООУ „Димитар Влахов“-Штип, Дејан Здравков вели дека ефектите од заедничката одлука со родителите за некористење на мобилните телефони и да не се внесува нездрава храна се гледаат веќе во меѓусебната комуникација на учениците.

-Ефектите од забраната на нездрава храна и телефони се премногу позитивни, супер значи. Добиваме повратни информации и од родителите, и од наставниците, и од самите деца. Подобрена е комуникацијата, физичката комуникација. Не одат веќе со наведени глави по ходниците и по училишниот двор. Тоа беше договорено во согласност на Советот на родители. Преку текот на летниот распуст имавме повеќе состаноци и заедно го договоривме. Истото се однесува и за здравата храна. Забранивме некои чипсови, грицки, обоени нездрави сокови и така натаму, енергетски пијалоци. Истото беше договорено со Советот на родители во соработка со локална пекара. Значи тие самите си одбраа мени со што ќе се хранат нивните деца – изјави Здравков.

Тој посочи дека во оброкот за учениците спаѓаат по две-три работи и во три дена од неделата е застапено сезонското овошје. Во зависност од сезоната, такво овошје им се дава.

-Плус дали е сокче, дали е јогурт или некоја кифла, ѓеврек, значи некое друго пециво. Значи менито си го избраа самите родители, Советот на родители- рече Здравков.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top