Македонија

Министерот Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген (ВИДЕО)

Министри за здравство од европскиот регион

Министерот за здравство Сашо Клековски учествува на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, која се одржува во Копенхаген.

На седницата министрите за здравство од европскиот регион разгледуваа повеќе извештаи и предлози за идната работа на СЗО, а свои програми претставија и шестемината кандидати за нов генерален директор на организацијата.

Во своето обраќање министерот Клековски истакна дека предизвиците со кои се соочува Македонија се заеднички за целиот регион – демографските промени, стареењето на населението, растечкиот товар на незаразните болести и одливот на здравствени кадри.

„Вложувањето во здравството е инвестиција во економскиот и социјалниот развој. Затоа, дигиталната трансформација е еден од нашите најважни национални приоритети. Сакаме поповрзан, поефикасен и потранспарентен здравствен систем“, изјави министерот Клековски.

Тој нагласи дека подеднакво важно е зајакнувањето на примарната здравствена заштита, со акцент на превенција и рано откривање на незаразните болести, вклучително и канцерогените заболувања.

Во делот на превенцијата, Министерството ја засилува забраната за пушење и подготвува мерки за засладените пијалаци.

Меѓу другите приоритети министерот ги посочи и подобриот пристап до лекови, финансиската заштита на пациентите, модернизацијата на законската регулатива и одржливото финансирање на здравството.

Клековски се заблагодари на Светската здравствена организација, особено на Канцеларијата на СЗО во Скопје, за континуираната техничка поддршка и партнерството во реформите на здравствениот систем.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top