Регион

Вучиќ предупредува: Ќе воведат санкции кон Русија,но и ќе признаат дека сме геноциден народ

Проблемите, според него, допрва доаѓаат

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ, во гостувањето на телевизијата Информер, зборуваше за актуелните политички теми и ги коментираше изјавите на Илија Срдановиќ.

На прашањето дали ги видел изјавите на Срдановиќ, Вучиќ одговори дека го интересира само она што, според него, се прави против државата.

„Да, ги видов, но не ме интересира што зборуваат за мене, туку што прават против нашата држава. Луѓето дури допрва ќе видат за што станува збор“, изјави Вучиќ.

Тој предупреди дека луѓето кои ги носеле знамињата наскоро ќе сфатат оти станува збор за влада која не само што ќе признае дека сме геноциден народ, туку и ќе поништи сè што е направено во Обединетите нации, а ќе воведе и санкции кон Русија.

„Ќе видите кој ќе биде министер за надворешни работи. Пленумите се тука како проточен бојлер. Веќе сум информиран кој ќе биде министерот, па ќе ви стане јасно каква политика ќе водат“, рече Вучиќ.

Поранешниот претседател истакна дека неговата политичка опција има 104 пратеници во парламентот и дека тоа не може ниту да се замолчи, ниту да се прикрие.

„Тие не смеат, ниту можат, повторно да излезат на парламентарни избори“, додаде Вучиќ, оценувајќи дека „проблемите допрва доаѓаат“.

Најнови вести од: Регион

Шпански весник „Вангуардија“: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

„Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило.“ – истакнува според денешниот шпански весник „Вангардија“.

To top