Македонија

„Јас не знам како изгледаше собата за мајка ми“, сведочи ќерка чија мајка трпела терор во старски дом

Надица Кекиќ чија неподвижна мајка речиси 4 години била сместена во домот во Центар за Сител вели дека не ѝ бил дозволен влез во собата каде биле сместена. Посети се правеле во посебна соба или ако е убаво времето, во дворот.

Притвор за две сопственички на приватни домови за стари лица во Центар и Бутел поради суров, нечовечки и понижувачки третман на згрижените. Спротивно на сите правила, во собите сместувале мажи и жени заедно. Немале доволно кревети, па дел спиеле на троседи во дневната соба. Имало и случаи кога двајца спиеле на ист единечен кревет, пренесе Сител.

  • „Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица“, велат од обвинителството.

Во двете установи им била служена храна со поминат рок. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на дел им давале лекови кои не биле препишани од лекар.

Надица Кекиќ чија неподвижна мајка речиси 4 години била сместена во домот во Центар за Сител вели дека не ѝ бил дозволен влез во собата каде биле сместена. Посети се правеле во посебна соба или ако е убаво времето, во дворот.

  • „Јас не знам како изгледаше собата за мајка ми. Дали нешто таму имало или немало не можам да знам затоа што мојата мајка е дементна. Јас кога одам некогаш ме препознава, некогаш не. Таа ми се нема пожалено затоа што поради дијагнозата не може ни да се пожали дека нешто се случува. Последно што се случи, после летните одмори, кога отидов видов дека малку ѝ е устата искривена и окото ѝ е паднато и кога отидов да им укажам дека жената или била на промаја и има пареза на фацијалниот нерв или можеби имала мозочен удар, една од сопственичките ми рече не сум ги видела вчера се вратив од одмор“, вели таа за Сител.

Откако домот бил затворен, Кекиќ вели дека не добила помош од институциите за да најде ново сместување за мајка ѝ.

  • „Вчера во 11:30 ми се јави социјален работник по телефон да ми каже дека до утревечер морам да ја извадам мајка ми од дом и да си ја земам затоа што домот веќе нема да работи. На моето прашање зошто нема да работи домот, ми рекоа дека нема доволно персонал. Јас реков бев пред недела, носев лекови и никој не ми кажа дека затвораат заради немање персонал. Таа ми рече толку знам, пријатно. И ми затвори телефон. Толку беше од социјалниот работник. Отидов да видам што се случува. Пред домот беа сигурно некои 30-ина луѓе собрани да си ги земат своите од таму. Тоа беше еден таков хаос, потпишувавме само некои листови, изјави, дека ги земаме, тие печати немаат затоа што се им е одземено. Сите бевме во таква паника, ни ги носат на тој студ надвор. Па за секој штитеник во ќеса за ѓубре работите му ги фрлаа надвор. Количка не ни дадоа оти не смееле да ни ја дадат, а ја имам однесено и количка и дубак во домот“, ни раскажа Кекиќ.

Според обвинителството, месечно од двата објекти сопственичките заработувале вкупно над 36 илјади евра.

Најнови вести од: Македонија

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

To top