Македонија

„Јасен“ уште гори

Регистрирани се вкупно 25 пожари

До утрово до 7 часот, во земјата се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои два се активни, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците, изгаснати се 20 пожари.

Пожарите се активни во месноста „Јасен“, општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, и во Октишка Краста во Струга, каде што гори ниска вегетација.

Пожарите се под контрола во општина Сарај, село Радуша кон село Ворце, каде што е зафатена ниска вегетација, општина Харачина, каде што е зафатена и ниска вегетација, и во општина Демир Хисар, село Мало Илино, каде што пожарот зафати дабова шума.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top