Македонија

Јовановски: Владата да смисли нешто како „Безбеден град“ и за крадците на струја и дрва, неплаќачите на данок, загадувачите

Актерот со поддршка за системот за регистрирање сообраќајни прекршоци и со повик за сличен проект во други области

Актерот Владо Јовановски го поддржува системот за регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ и апелира до Владата да смисли нешто слично и за други области во кои се прават прекршоци или кривични дела.

„Чудно, одеднаш станавме совесни учесници во сообраќајот!

Барем повеќето…

Го поддржувам проектот ‘Безбеден град’.

Се надевам дека што побргу ќе се прошири на целата територија на Р. Македонија. Ова е еден од најдобрите проекти од осамостојувањето до денес.

Мооореее, колку просветителски закон.

Без еволуција, одеднаш, од пред 3-4 дена, многумина се вразумија и станаа пристојни.

Апел до Владата да смисли нешто слично и за тие кои крадат струја, крадат дрва, не плаќаат данок, го загадуваат воздухот, водата, земјата итн.“, објави Јовановски на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

To top