Македонија

Објавен извештајот на странските експерти за операции на срце (ВИДЕО)

Странска КОмисија анализирала 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила непотребно извршени операции  кај 9 од вкупно 13 анализирани предмети.

На сомнителни операции прв укажа академик д-р Сашко Кедев.

Странски експерти ќе ги утврдуваат наводите на д-р Кедев

На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса.

„Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четворица пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандарди на клиничка пракса.

Додека кај девет случаи документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација“  соопшти на прес-конференцијата министерот Алиу во врска со резулатите на странската Комисија за проверка на сомнителните случаи, на кој укажа д-р Кедев.

Тој додаде дека кај останати девет пациенти, според странските експерти, „документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката еваулација“.

Во однос на овие случаи Комсијата оценува „дека одредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаело врз клиничкиот исход врз нив“.

Се работи за пациенти на возраста од 45 до 70 години кои, доколку, сакаат можат да бидат лично информирани за наодите.

Извештаите ќе бидат доставени до владата, лекарската комора, но и до јавното обвинителство.

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top