Македонија

Како жена, мајка, Албанка, за моите и сите деца – Што точно им порача Линдита на Александар на своите сограѓани Кичевци

Да ја победиме неработата со работа, неморалот со морал, криминалот со чесна работа

Што точно им порача Линдита Линчи Јовановска, сопруга на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на своите сограѓани во Кичево.

 

Таа денеска објави видео во пресрет на вториот круг локални избори на кои во Кичево води нејзиниот сопруг.

 

,,Почитувани Кичевчани драги пријатели. Долго размислував дали да ви се обратам, иако давам силна поддршка на мојот сопруг за да стане градоначалник на Кичево.

 

Но денес одлучив дека мора да ви се обратам, бидејќи имам обврска како мајка, како жена како Албанка, која има обврска кон своите деца и децата на сите вас.

Драги кичевчани и вие имате обврска да ја победиме заеднички на овие избори неработата со работа, неморалот со морал, криминалот со чесна работа. За нас, за нашите деца и ние имаме морална обврска.

Затоа ве повикувам на овие локални избори излезете и гласајте за број 9 за да може да се отворат нови работни места, да може да се гради инфраструктура, да може да имаме подобри административни услуги да ги задржиме нашите деца тука во Кичево.

Со почит Линдита”, порачува сопругата на Александар Јовановски.

 

Линдита повика Кичево да направи историски чекор и да ги надмине етничките стереотипи и предрасуди

https://expres.mk/makedonija/lindita-gi-povika-kichevchani-da-glasaat-za-nejziniot-aleksandar-video/

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top