Македонија

Калоѓера: Искрено признавам – „северномакедонски јазик“ и „Северномакедонец“ не признавам

Хрватскиот македонист во уште една објава на Фејсбук се пресмета со „северничењето“ на Македонија и Македонците во Бугарија

Горан Калоѓера, хрватски славист и македонист, поранешен конзул на Република Македонија во Риека и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав, со уште една осуда за „северничењето“ на сè македонско од Бугарија.

„Искрено признавам. Термините северномакедонски јазик и Северномакедонец не ги признавам. Термините што ги користат бугарската министерка за надворешни работи и бугарските медиуми се напад врз националната суштина на македонскиот народ и тоа треба итно да се запре.

Македонскиот литературен јазик беше прогласен за официјален во македонската република уште за време на Втората светска војна, на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година. За афирмацијата на македонскиот јазик треба да се прочита истоимената студија од Блаже Конески, за да се види трнливиот, но успешен пат за афирмација и прифаќање на македонскиот јазик како еден од светските јазици.

Како студент на кроатистика во Хрватска, ги посетував и ги положив курсевите по македонски јазик и литература. Моите колеги Борислав Павловски, Златко Крамариќ, Августина Гулеска Хајдиќ предаваа македонски јазик и литература на универзитетите во Загреб, Риека, Осиек и Задар. Како проректор на Универзитетот во Риека, го основав Лекторатот за македонски јазик, кој е успешен и денес.

Како заклучок, македонската националност со термините македонски, Македонец го зборува македонскиот литературен јазик. Сè друго е очигледна лага во корист на дневната политика“, порача на Фејсбук долгогодишниот борец за „македонските правдини“ од Хрватска.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top