Македонија

Калоѓера: Ни Гоце Делчев не ви е добар?! Срам да ви е!

Хрватскиот македонист и бивш почесен конзул на Македонија во Риека реагира за навредите за великанот од член на ИО на СДСМ

Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, почесен конзул на Македонија во Хрватска од 2010 до 2017 година и надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), реагира за „просветлението“ на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, според кој „Гоце Делчев е мит, не извојувал ниту една битка и не напишал ништо што денес е од важност“.

„Си ветив себеси дека повеќе нема да се мешам во ‘македонските работи’, но кога ги читам глупостите што доаѓаат од Македонија, морам. Прво, како македонист, а потоа и како човек што ја познава македонската револуционерна историја многу подобро од сите тие идиотски политичари, кои немаат поим ниту за историјата на својата земја, ниту за нејзините историски личности, па трескаат глупости без врска, повторувам и се прашувам: какви глупости се сега овие за Гоце Делчев? Што, господа политичари, ни тој не ви е добар!? Велите Бугарин и не се срамите од тоа.

Срам да ви е! Можете да зборувате за неговото време само од аспект на тоа време и историски околности, односно неволјите за Македонија. Човекот кој беше упорен и доследен бранител на ставот дека Македонија и Одринска Тракија мора сами да се ослободат, без влијание и помош на надворешни фактори, кој ја бранеше идејата за автономна и слободна Македонија, кој разбираше дека ‘елитата’ е продолжена рака на бугарската официјална политика, кој беше огорчен противник на постоењето на Врховниот комитет од Софија, како ‘паралелен’ штаб за ослободување на Македонија, да се именува Бугарин. Ве молам бидете разумни и читајте ја и проучете ја вашата историја и не користете ја за дневнополитички борби.

Никогаш, повторувам, никогаш Бугарите, или поточно бугарската официјална политика, не ги сакале Македонците, никогаш. Тие не ги сакаат ни денес. Затоа, верувајте само во себе и во сопствените сили. Умот в глава, вашите соседи не ви се пријатели. Политичарите не ви се од никаква корист, сите се слабаци и ниту една харизматична личност. А тоа беше Делчев, харизматичен водач, воен стратег, воен водач, просветител, љубител на книги, бидејќи веруваше дека пишаниот збор носи голема моќ, што практично го докажа Рацин со својот јазик и темата на неговата збирка ‘Бели мугри’. Не играјте си со вашите големи личности, почитувајте ги, славете ги и учете од нив, затоа што тие се обиделе и направиле нешто“, коментира Калоѓера на Фејсбук на денот кога Македонија одбележува 123 години од убиството на еден од своите најголеми великани.

Најнови вести од: Македонија

Шамбевски: Бугарија пак чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Најнови вести

To top