Македонија

Камбовски вели дека не се сеќава дали судијата Ристов бил пријавуван за примање мито

Имало предмет за Ристов, но не за мито

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, не знае точно колку пријави или претставки досега биле поднесени против скопскиот апелациски судија Ѓоко Ристов, кој е под истрага на Обвинителството откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени соѕидани 350 000 евра, за кои постои сомневање дека се нелегално стекнати. Камбовски не се сеќава ниту дали некоја од претставките против Ристов била за земање мито.

„Видете, во Судскиот совет има безброј претставки. Од прва, јас не се сеќавам конкретно дека имало претставка за земање мито или нешто слично. Еден пример, колку што се сеќавам, се водеше за негово неизземање во предмет, а требало да биде изземен. А вакви конкретни… сега не можам да се сетам. Ќе ви одговориме официјално, не сакам да испадне дека имало некоја претставка, а јас во моментов да не се сеќавам и да ви дадам неточна информација“, изјави Камбовски пред денешната седница на Судскиот совет.

https://expres.mk/makedonija/sudskiot-sovet-mu-go-odzede-imunitetot-na-sudijata-gjoko-ristov-se-bara-i-kukjen-pritvor/

На новинарско прашање дали против Ристов биле поднесувани пријави од страна на негови колеги судии од Апелацискиот суд, Камбовски вели дека немало такви пријави.

„Од негови колеги, од Апелација досега немало пријава во Судскиот совет. Имало можеби претставки, имало анонимни претставки, меѓутоа од колеги, од колеги судии – не“, изјави Камбовски.

https://expres.mk/makedonija/kje-se-proveruva-bitolskiot-sud-koj-go-pushti-markovski-od-pritvor-so-garancija-od-rechisi-5-milioni-evra/

За случајот со Ристов додаде дека Судскиот совет постапил согласно барањето на Основниот кривичен суд Скопје и му го одзел имунитетот на апелацискиот судија за да може да се спроведе предлогот на Обвинителството и да му бидат одредени куќен притвор и мерки на претпазливост.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top