Македонија

„Камен“ пијан кавадарчанец предизвикал сообраќајка, му биле измерени 3.32 промили алкохол во крвта

Со патничко возило „застава 101“

Лишени од слобода возачи од Прилеп и Кавадарци поради возење под дејство на алкохол. Кавадарчанецот предизвикал и сообраќајна несреќа.

Како што информираат од МВР, ноќеска (18.10.2025) во 00:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„11-ти Октомври“ во Прилеп го лишиле од слобода В.С. од Прилеп.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое В.С. го управувал, при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

Исто така, вчера (17.10.2025) во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци.

При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top