Македонија

Камионџиите ќе ги блокираат граничните премини

Ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна

Од денеска точмно на пладне авто-превозниците ќе ги блокираат сите гранични премини за излез од Македонија, а блокадата е реакција на одлуката на Европската комисија од април на превозниците кои со камиони превезуваат производи и стока да им биде дозволен престој во земјите во Шенген зоната од само 90 дена.

Нема да има блокади на лентите наменети за патничкиот сообраќај.

Ќе бидат затворени граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на земјава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.

Протестот ќе започне во исто време во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина на сите излезни граници кон некоја европска земја со цел да се укаже на проблемите со
воведуавњето на ЕЕС системот со кој електронски се следи и ограничува бројот на денови за рестој во ЕУ.

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Билјана Муратовска од здружението „Макам-транс“ вели дека првите 12 часа ќе бидат затворени премините само за товарен сообраќај за излез од Македонија, а на полноќ и оние за влез во земјава.

Тоа значи дека преминувањето за граѓаните останува отворено. Ќе се направи исклучок само за пропуштање на камиони со лекови, жива стока или експлозиви и муниција. Планот е протестите да продолжат во текот на следните 7 дена. Целосна блокада на граничните премини од денеска почнува и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Основна цел на протестот е да се укаже на долгорочните последици кои ќе почнат да влијаат на несметано функционирање на економијата во целина во земјите од Западен Балкан, но со пореметување на синџирот на снабдување последиците ќе се осетат и во земјите од Шенген зоната и кај странските инвеститори во сите четири држави.

Според Муратовска ако сака Eвропа веднаш може да го реши проблемот и да го спречи протестот така што ќе ги вброи и камионџиите во онаа регулатива со која се изземаат персоналите на бродскиот авионскиот и железничкиот сообраќај или да воведе 5 годишни визи за транспортерите како што првично се планирало.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Владата е на страната на транспортетите и сериозно го сфаќа проблемот.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

ОМО „Илинден“ – Пирин: Шовинистичка забрана за Менкиноски зашто е Македонец! ЕУ не смее да остане рамнодушна на бугарските закани кон македонскиот идентитет!

„Поддршка за Менкиноски! Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Oва е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во некои кругови во Бугарија.“ – реагира жестоко политичката органиација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин по одлуката на официјална Софија да му се забрани влез во Бугарија на Тони Менкиновски до 2036 година, затоа што претставувал „закана за националната безбедност“ на оваа држава-членка на ЕУ.

To top