Македонија

Кандидат на СДСМ со сопартијци присуствувале на комедија

Даскаловски е еден од најблиските соработници на екс премиерот Зоран Заев

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ со свои сопартијци вчера присуствувале на комедија.

Кандидатот Марјан Даскаловски објави дека целта била да се соберат донации.

,,Вечерва присуствував на комедијата „Стјуардеси“ од светски познатиот Марк Камолети, а режијата е на актерката во струмичкиот театар, Танкица Стојанова.

Оваа претстава беше и од хуманитарен аспект, затоа што средствата од билетите ќе бидат донирани на нашата мала сограѓанка Тијана.

Во придружба на моите сопартијци ја поддржавме инцијативата за собирање донации, а и воедно дадовме поддршка и на нашите млади средношколци кои одлично ја одработија претставата”, објави Даскаловски кој е еден од најблиските соработници на екс премиерот Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top