Македонија

Кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово Реџепи објави фотографија со Али Ахмети, „неколку дена по изборите“, пишува „Тетова сот“

Али Ахмети не се појавил лично во јавноста веќе четврти ден, откако заврши првиот круг на локалните избори кога ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција доживеаја дебакл.

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција Бајрам Реџепи објави фотографија со претседателот на ДУИ Али Ахмети неколку дена по изборите.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот ја пренесува објавата на Реџепи кон фотографијата со Ахмети: „Ангажирани, посветени како никогаш досега, кон нови победи!”

Инаку, оваа фотографија на лидерот на ДУИ Али Ахмети Реџепи ја објави на фејсбук вечерва околу 18 часот. 

Најнови вести од: Македонија

Чулев: Судот утврди дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски

Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука

To top