Македонија

Каракамишева: ЕУ мора да даде одговор на овие прашања

Професорката прашува зошто македонскиот случај е европски преседан

Професорката од правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева прашува зошто македонскиот случај е европски преседан и зошто за Македонија не важат правилата како за сите други кандидати.

Таа дава 9 точки врз основа на кои ЕУ треба да ја третира Македонија која е кандидат за членка од пред 21 година а се уште нема отворено преговори:

1. Прашањето што Македонија треба да го упати до институциите на ЕУ повеќе не треба да биде „што бара Бугарија од нас“, туку „кои се границите на европската условеност“.

Македонија не го оспорува правото на ЕУ да поставува услови за членство.

Македонија има право да го постави прашањето дали постојат правни граници на тие услови.

Владеењето на правото подразбира дека и политиката на проширување мора да биде ограничена со право.

2. Националниот идентитет е европска, а не само македонска вредност.
Член 4(2) ДЕУ ја обврзува Унијата да го почитува националниот идентитет на државите.
Ако националниот идентитет заслужува заштита по членството, зошто не би заслужувал заштита и пред членството?

ЕУ не може истовремено да го штити националниот идентитет на државите членки, а да го игнорира идентитетот на државите кандидатки.

3. Македонија треба да го отвори прашањето за „претпристапен уставен и национален идентитет“.

Дали државите кандидатки поседуваат уставен и национален идентитет кој заслужува правна заштита уште во текот на преговорите?

Секако, да.

Дали процесот на интеграција има граници кога навлегува во прашања на јазик, историја, култура и самоидентификација?

Секако, да.

4. Македонскиот случај е европски преседан.
Случајот не е само билатерален спор. Тој претставува прв сериозен тест за односот меѓу политиката на проширување и националниот идентитет на државите кандидатки за членство.

ЕУ мора да даде одговор на овие прашања.

5. Македонија не бара привилегии, туку еднакви европски стандарди.

Ниту една претходна држава кандидатка не била соочена со услови кои директно се однесуваат на историски наративи и идентитетски прашања.

Прашањето е дали сите држави кандидатки се третираат според исти правила.

Тоа е прашање на еднаквост, правна сигурност, владеење на правото.

6. Европската Унија мора и самата да ги применува вредностите што ги бара од државите кандидатки.

ЕУ бара од државите кандидатки да ги почитуваат демократијата, владеењето на правото и човековите права.

Истите принципи мора да важат и при поставувањето на пристапните услови.
Во спротивно, се создава двоен стандард.

7. Досега многу сме зборувале за доктрината на заштита на уставниот/националниот идентитет развиена од уставните судови во Германија, Италија, Чешка, Франција, Шпанија, Полска, Унгарија и други судови.

Македонскиот случај отвора ново прашање:

Дали постои право на заштита на претпристапен уставен/национален идентитет на државите-кандидатки кој заслужува заштита пред членството на државата во ЕУ?

Ова е прашање од европско значење, а не само национален интерес на Македонија.

8. Време е Македонија да инсистира дебатата за овие круцијални прашања да се префрли од Софија во Брисел и Луксембург.

Досегашната дебата е концентрирана на македонско-бугарските односи.
Новата дебата треба да биде насочена кон
– легитимноста и легалноста на пристапната условеност;
– владеењето на правото во процесот на проширувањето;
– заштитата на националниот идентитет;
– правните граници на дискрецијата и арбитрерноста на институциите ЕУ.

9. Клучното прашање до европските институции треба да е дали Европската Унија смее, во име на проширувањето, да поставува услови што навлегуваат во јадрото на националниот и уставниот идентитет на државите кандидатки, кога и самата Унија е ограничена од сопствените вредности, принципот на владеење на правото и обврската за почитување на идентитетот на народите и државите што сакаат да станат дел од неа.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top