Македонија

Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Советот на Општина Карпош

На деветтата седница на Советот на Општина Карпош, советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред. Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“.

Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за одржување на јавната хигиена на своја територија. Имено, оваа машина ќе служи за расчистување на различен вид отпад, гранки, лисја, но исто така и за отстранување на депонии. Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ.

Во случајов Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката. Со мнозинство гласови беше поддржана Предлог – Одлуката со која Советот дава согласност за распишување на Јавен повик за избор на членови на Советот за женско претприемништво кој ќе биде објавен на официјалната веб- страница на Општина Карпош.

Инаку, Советот за поддршка на женско претприемништво на Општина Карпош, се формира заради поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во општината. Советниците на денешната седница ги изгласаа и измените и дополнувањата на Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на општинска детска градинка „Мајски Цвет“.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top